01 / Сметководство и даноци
Сметководство и даноци
Обезбедуваме целосна сметководствена поддршка, обработка на плати и подготовка и следење на даночните обврски. Преку навремено известување и стручно даночно советување, ви помагаме да донесувате информирани деловни одлуки и однапред да ги согледате нивните финансиски и даночни импликации.
За кого се наменети услугите?
- Трговски друштва од различна големина на кои им е потребно надворешно сметководствено работење.
- Странски друштва и претставништва што работат во Република Македонија.
- Компании со сопствено или надворешно сметководство кои имаат потреба од дополнителна стручна проценка и независно мислење.
- Компании во фаза на раст и развој кај кои зголемениот обем на работа бара дополнителна сметководствена и даночна поддршка.