+389 74 243 072 tina.neshovska@gmail.com Понеделник – Петок, 09:00 – 17:00
Контактирајте нè

Отворање на фирма

Отворање на фирма

Поддршка во целиот процес на основање фирма, од изборот на соодветна правна форма и дејност до регистрацијата и подготовката за започнување со работа.

Основањето фирма бара правилен избор на правна форма, уредна документација и навремено исполнување на почетните обврски. Ве водиме низ потребните чекори: од изборот на правната форма и шифрата на дејност до регистрацијата во Централниот регистар, отворањето деловна сметка и организирањето на сметководството. Целта е уште од самиот почеток да имате јасен преглед на обврските и подготвена основа за непречено работење.

Што добивате

  • Решение за упис во Централниот регистар по завршување на постапката за регистрација.
  • ЕДБ и спроведена даночна регистрација, согласно со применливите барања.
  • Поддршка при отворање деловна сметка и подготовка на потребната банкарска документација.
  • Календар на законските и даночните обврски за првата година, за полесно планирање и навремено исполнување на роковите.

Отворање на фирма

Што вклучува услугата

  • Избор на правна форма и шифра на дејност според тоа што навистина ќе работите.
  • Подготовка на основачки акт, статут и останатата документација за упис.
  • Упис во Централниот регистар на Република Македонија.
  • Добивање ЕДБ и регистрација кај Управата за јавни приходи.
  • Доброволна или задолжителна регистрација за ДДВ, според обемот и дејноста.
  • Асистенција при отворање деловна сметка и подготовка на банкарската документација.
  • Пријава на управител и вработени, со договори за вработување.
  • Преминување во редовно сметководство, со поставен календар на обврски.

Со кого работиме

За кого се наменети услугите?

  • Претприемачи што ја основаат својата прва фирма и имаат потреба од насоки за избор на правна форма и почетните обврски.
  • Странски основачи што регистрираат друштво во Македонија и им е потребна поддршка во постапката за основање и организирање на работењето.
  • Постојни друштва што отвораат подружница или основаат ново друштво како дел од нивниот деловен развој.
  • Фриленсери и лица што работат хонорарно и размислуваат за преминување кон работење преку сопствено друштво.

Често поставувани прашања

Прашања за оваа услуга

Самиот упис во Централниот регистар е брз кога документацијата е комплетна. Повеќе време одзема одлучувањето пред тоа: правна форма, дејност, сопственичка структура и дали влегувате во ДДВ веднаш.

Зависи од тоа дали сте еден или повеќе основачи и како сакате да ја уредите одговорноста и одлучувањето. Разликата изгледа формална, но влијае на сè подоцна, затоа ова е првото прашање што го поставуваме.

Не секогаш. Зависи од очекуваниот промет и од тоа со кого работите. Доброволната регистрација понекогаш е во ваша корист, а понекогаш само носи обврски; тоа го пресметуваме пред да одлучите.

Поврзани услуги

Останати услуги

01

Сметководство и даноци

Обезбедуваме целосно сметководствено работење, пресметка на плати и следење на даночните обврски, со навремено известување и стручно даночно советување пред донесувањето важни деловни одлуки.

Прочитајте повеќе

02

Деловен консалтинг

Обезбедуваме поддршка во деловното планирање, менаџерското известување и анализата на трошоците, за да имате јасна финансиска основа за донесување деловни одлуки.

Прочитајте повеќе

03

Проценка на вредност

Обезбедуваме независна проценка на вредноста на деловни субјекти и сопственички удели, заснована на соодветна методологија, финансиски податоци и релевантни деловни околности.

Прочитајте повеќе

04

Внатрешна ревизија

Ја проценуваме ефикасноста на деловните процеси и внатрешните контроли за да утврдиме дали функционираат соодветно и кои области бараат дополнително внимание.

Прочитајте повеќе