+389 74 243 072 tina.neshovska@gmail.com Понеделник – Петок, 09:00 – 17:00
Контактирајте нè

Деловен консалтинг

Деловен консалтинг

Обезбедуваме поддршка во деловното планирање, менаџерското известување и анализата на трошоците, за да имате јасна финансиска основа за донесување деловни одлуки.

Квалитетните деловни одлуки бараат навремени и релевантни финансиски информации. Воспоставуваме системи за планирање и известување што ви помагаат да разберете кои активности придонесуваат за профитабилноста, каде настануваат најголемите трошоци и како промените во деловните услови можат да влијаат врз финансиските резултати. Така, пред да донесете важна одлука, располагате со податоци, анализи и можни сценарија што ви овозможуваат подобро да ги процените последиците.

Што добивате

  • Годишен буџет и план на паричните текови за подобро планирање на приходите, расходите и ликвидноста.
  • Месечен менаџерски извештај во договорен формат, со преглед на резултатите и значајните отстапувања.
  • Финансиски модел за анализа на различни сценарија, со кој можете да го процените влијанието на различни деловни одлуки и промени во условите на работење.
  • Пишани процедури и јасно дефинирани одговорности за подобра организација, доследно спроведување на процесите и контрола на работењето.

Деловен консалтинг

Што вклучува услугата

  • Финансиско планирање и буџетирање, со контрола на извршувањето на буџетот.
  • Менаџерско известување прилагодено на тоа што управата реално го гледа при одлучување.
  • Анализа на трошоци, маржи и профитабилност по производ, услуга или деловна единица.
  • Финансиски модели и анализа на сценарија, вклучително проекција на паричен тек.
  • Поставување и документирање на деловни процеси и внатрешни контроли.
  • Поддршка при барање банкарско финансирање: подготовка на документација и проекции.
  • Бизнис планови и финансиски дел од проектни апликации.
  • Советување при деловни одлуки: цени, инвестиции, преструктуирање, нови дејности.

Со кого работиме

За кого се наменети услугите?

  • Компании во фаза на раст и развој кај кои е потребно унапредување на организацијата и деловните процеси.
  • Сопственици и управители на кои им е потребен подобар увид во работењето без секојдневно да бидат вклучени во сите оперативни активности.
  • Друштва што планираат финансирање или привлекување инвеститор и имаат потреба од јасни финансиски показатели и квалитетна деловна анализа.
  • Компании со уредна сметководствена евиденција кои сакаат да воведат систематско планирање, следење на резултатите и контрола на трошоците.

Често поставувани прашања

Прашања за оваа услуга

Со преглед на тоа што веќе постои. Најчесто податоците ги има, но не се собрани во форма во која може да се одлучува по нив. Првиот испорачан документ е обично еден извештај што ја покажува состојбата онака како што сопственикот сака да ја види.

Не. Сметководството ја евидентира минатата состојба и ги исполнува законските обврски. Деловниот консалтинг одговара на прашањето што да се направи понатаму, и често користи податоци што сметководството не ги подготвува за таа намена.

Да. Најчесто така и започнуваме: еден буџет и еден месечен извештај. Ако по тоа има потреба од поширока работа, продолжуваме по приоритет.

Поврзани услуги

Останати услуги

01

Сметководство и даноци

Обезбедуваме целосно сметководствено работење, пресметка на плати и следење на даночните обврски, со навремено известување и стручно даночно советување пред донесувањето важни деловни одлуки.

Прочитајте повеќе

03

Проценка на вредност

Обезбедуваме независна проценка на вредноста на деловни субјекти и сопственички удели, заснована на соодветна методологија, финансиски податоци и релевантни деловни околности.

Прочитајте повеќе

04

Внатрешна ревизија

Ја проценуваме ефикасноста на деловните процеси и внатрешните контроли за да утврдиме дали функционираат соодветно и кои области бараат дополнително внимание.

Прочитајте повеќе

05

Отворање на фирма

Поддршка во целиот процес на основање фирма, од изборот на соодветна правна форма и дејност до регистрацијата и подготовката за започнување со работа.

Прочитајте повеќе