+389 74 243 072 tina.neshovska@gmail.com Понеделник – Петок, 09:00 – 17:00
Контактирајте нè

Проценка на вредност

Проценка на вредност

Обезбедуваме независна проценка на вредноста на деловни субјекти и сопственички удели, заснована на соодветна методологија, финансиски податоци и релевантни деловни околности.

Прашањето за вредноста е особено важно при влез на инвеститор, продажба или излез од сопственички удел, како и при несогласувања меѓу деловни партнери. Затоа, проценката ја засноваме на признати методи и детална анализа, со јасно образложение на применетиот пристап, клучните претпоставки и факторите што влијаат врз утврдената вредност. На тој начин добивате транспарентна и документирана основа за преговори и донесување деловни одлуки.

Што добивате

  • Извештај за проценка на вредноста со јасно образложена методологија и применет пристап.
  • Проценет распон на вредноста, со наведени претпоставки и фактори што можат да влијаат врз конечниот резултат.
  • Анализа на чувствителност што покажува како промените во клучните претпоставки влијаат врз проценетата вредност.
  • Финансиски модел за тестирање различни сценарија, што ви овозможува да го согледате влијанието на различните деловни услови врз вредноста.

Проценка на вредност

Што вклучува услугата

  • Проценка на вредност на друштво, удел или дел од дејност.
  • Примена на повеќе методи: дисконтирани парични текови, пазарни мултипли и нето-вредност на средствата.
  • Нормализација на резултатот, со издвојување на еднократни и невообичаени ставки.
  • Анализа на чувствителност: како вредноста се менува со клучните претпоставки.
  • Проценка при влез на нов инвеститор, докапитализација или излез на сопственик.
  • Проценка за потребите на спогодба или спор меѓу сопствениците.
  • Проценка на одделни средства и на вонбилансни ставки кога влијаат на вредноста.

Со кого работиме

За кого се наменети услугите?

  • Сопственици што планираат продажба на бизнисот или влез на нов партнер и имаат потреба од реална проценка на вредноста.
  • Инвеститори пред вложување капитал кои сакаат подобро да ја согледаат финансиската состојба и вредноста на деловниот субјект.
  • Сопственици при поделба на удели, излез од партнерство или несогласувања околу вредноста на сопственичкиот удел.
  • Друштва што планираат докапитализација или преструктурирање и имаат потреба од проценка како основа за донесување одлуки.

Често поставувани прашања

Прашања за оваа услуга

Затоа што вредноста зависи од претпоставки за иднината, а тие не се извесни. Распонот со наведени претпоставки е почесен и подобро служи во преговори од една бројка што не може да се одбрани кога ќе ја оспорат.

За помало друштво со уредна евиденција најчесто две до три недели. Повеќе време одзема подготовката на влезните податоци отколку самото пресметување.

Сметководствената вредност покажува колку чинеле средствата и колку е отпишано од нив. Проценката одговара на друго прашање: колку вреди друштвото денес, врз основа на тоа што очекуваме да заработи понатаму и колку чини тој ризик.

Поврзани услуги

Останати услуги

01

Сметководство и даноци

Обезбедуваме целосно сметководствено работење, пресметка на плати и следење на даночните обврски, со навремено известување и стручно даночно советување пред донесувањето важни деловни одлуки.

Прочитајте повеќе

02

Деловен консалтинг

Обезбедуваме поддршка во деловното планирање, менаџерското известување и анализата на трошоците, за да имате јасна финансиска основа за донесување деловни одлуки.

Прочитајте повеќе

04

Внатрешна ревизија

Ја проценуваме ефикасноста на деловните процеси и внатрешните контроли за да утврдиме дали функционираат соодветно и кои области бараат дополнително внимание.

Прочитајте повеќе

05

Отворање на фирма

Поддршка во целиот процес на основање фирма, од изборот на соодветна правна форма и дејност до регистрацијата и подготовката за започнување со работа.

Прочитајте повеќе